Во ООУ „Климент Охридски“ – Облешево засадено гинко дрвце по повод  Денот на планетата земја

Денот на планетата земја денес во ООУ „Климент Охридски“ во Облешево беше одбележан со засадување на најстарото дрво на светот, Гинко дрвце.

На акцијата за засадување на дрвцето учествува ученици од четири општини од микро регионот.

– Група екологисти и професори од тимот на Томе Стојанов познат како Томе –Гинко ,кој како ентизијаст и одгледувач на познатото Гинко дрво, заедно со директорот на ООУ „Климент Охридски“ –Облешево, Јорданче Костадинов оваа иницијатива за засадување на Гинко насади ја воздигнаа на меѓуопштинско ниво . На денешната презентација учествуваа ученици и наставници од ООУ „Никола Карев“ – Кочани,  ООУ „Страшо Пинџур“ -Карбинци ,ООУ „Синиша Стоилов“ –Зрновци, и ООУ „Страшо Пинџур “–Чешиново. Учесниците научија како правилно од семка да израсна и засадат Гинко дрвце и да ја прошират оваа Гинко-шума во нивните училишта. Со тоа оваа акција која ја насловивме како Гинко колонија добива поголема масовност и се надеваме ќе ја подобри еколошката свест и кај децата и кај возрасните, истакнаа од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Облешево.

Од ООУ „Св. Климент Охридски“ упатија  благодарност и за проф.др. Владимир Јаќовски и екологист инж. Сашко Тодоров од „ЕКО ВИТА“ –  Неготино кои со своето присуство и презентација од својата научна свера го збогатија ова еко- дружење.

Проф.др. Владимир Јаќовски познат иноватор кој што презентираше за што се може да се употреби лушпата од оризовата арпа. Биологот Сашко Тодоров на учениците им го претстави своето искуство во производство на печурки во домашни услови и одгледување на инсекти како храна за домашните животни.

– Задоволните и среќни детски лица се доказ и предизвик да го продолжиме овој проект во поголеми размери и да го развиваме заедно со наставниците и учениците и се надеваме ќе предизвика интерест кај нашите сограгани, истакна директорот на ООУ „Климент Охридски“ –Облешево,  Јорданче Костадинов.

ООУ „Св. Климент Охридски“ – Облешево

Сподели: