Во ООУ „Никола Карев“ бесплатни тренинзи за ученици со посебни образовни потреби

ООУ „Никола Карев“ – Кочани започнува проект за зголемување на физичката активност на ученици со посебни образовни потреби што учат во кочанското основно училиште.

Целта е преку едночасовни приспособени тренинзи да им се помогне во подобрување на моториката и физичката подготвеност во извршување на секојдневните обврски.

– Од денес нашето училиште започна со    нов проект заедно со наставниците по физичко и здравствено образование, наставничката по ликовна уметност и училишниот дефектолог за деца со посебни образовни потреби.Од денес па се до завршувањето на учебната година секоја сабота од 10 до 11часот ќе се одржуваат бесплатни часови за физичка активност за овие деца се со цел преку овие физички активности да им помогнеме да ги совладуваат своите секојдневни потреби и сами да си ги извршуват своите работни задачи,  истакна Александар Андов, директор на ООУ „Никола Карев“.

*фотографиите се објавени со дозвола на училиштето и родителите

Сподели: