Во ООУ „Никола Карев“ започнаа активностите од проектот „Дигитално културно наследство“ на Еразмус + програмата

ООУ„ Никола Карев“ – Кочани ги започна активностите во рамки на Еразму + проектот  „Дигитално културно наследство“ во партнерство со уште две училишта, од село Бјага, општина Брациново (Р.Бугарија) и училиште од околината на градот Лудберг (Р. Хрватска).

Проектот имаза цел  зачувување и изучување  на кулурното наследство на трите држави, преку користење на дигитална технологија која треба на иновативен начин да го документира културното наследство на земјите учеснички во проектот и презентација пред учениците.

Во првата фаза од проектот чиј домаќин е основното училиште од Кочани ќе се реализира работилница по групи со наставниот кадар кој ќе се ангажира на пооделни теми од културното наследство на своите држави.

По спроведувањето на обуката во понатамошните фази ќе се вклучат и групи на ученици од сите три училишта. Проектот е планирано да се спроведува две години со меѓусебна посета и размена на искуства на проектните партнери.

И. Матеничарски

Сподели: