По повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, во основното училиште „Никола Карев” беа одржани работилници со ученици од второ и петто одделение.
Образовниот асистент во училиштето Ивана Атанасова ги запозна учениците со значењето на денешниот ден, правата на лицата со попреченост, нивните можности но и пречките со кои секојдневно се соочуваат. Учениците едногласно се заложија за поддршка, помош, трпение и разбирање за оваа категорија лица, и предложија начини за помагање и надминување на постоечките бариери кои го отежнуваат процесот на општествена, социјална и образовна инклузија.
Активноста Мрежа на различности која беше реализирана во склоп на работилниците, ги демонстрираше разликите помеѓу секој од учениците, но и како токму разликите не поврзуваат и не прават единствени и подеднакво вредни.
Соопштение на ООУ „Никола Карев“ – Кочани