Со добра музика, забава и прекрасна новогодишна атмосфера во Паркот на револуцијата кочанчани на организиран дочек ја пречекаа Новата 2023 година.
Со чаша греано вино и чај во рака со музичка програма на бендовите Тајм Аут, Хабана бриз и сетови на диџеј Мајк Роуз, платото пред Центарот за култура „Бели Мугри“ беше исполнето со најразлични генерации граѓани кои одлучија новогодишната ноќ да ја поминат на отворено.
Точно на полноќ со новогодишен огномет кочанчани ја испратија старата и ја пречекаа Новата 2023 год.
Идејата и реализацијата на дочекот на Новата година е за пофалба, поради тоа што Кочани по повеќе од две децении повторно организира настан за дочек на нова година.
Дочеток на Новата 2023 година се организираше со поддршка на локалната самоуправа на Кочани, Пролет бар, конфекцијата Алма, а спонзори се сите учесници на Новогодишно – божиќниот базар.