Во Пеклани се пробива селски земјен пат за потребите на земјоделците

Градежната механизација деновиве ги интензивираше активностите за пробивање и тампонирање на селскиот земјен пат во м.в. Добрава во атарот на с.Пеклани.


“Во тек е пробивање и тампонирање на пат во м.в. Добрава, неопходен за непречено извршување на земјоделските активности за жителите на с.Пеклани. Патот е во должина од 1700 метри и води од селото па се до т.н. вишнарник во околината на Пеклани. Оваа инвестиција е во висина од 1.300 000 денари, средства од општинскиот Буџет и Платежната Агенција“, рече градоначалникот Ивица Димитров.


И покрај вонредната ситуација која го отежна одвивањето на сите тековни активности, па и на инфраструктурните зафати во општината, сепак дел од проектите кои имаат лимитиран рок за реализација тековно се привршуваат.

Сподели: