Денес во салата за состаноци во Општина Кочани ќе бидат потпишани договорите со ангажираните лица во проектите од програмата Општинско корисна работа.
Општина Кочани 12 години е дел од програмата ОКР, која е финансирана од УНДП, поддржана од МТСП и Агенцијата за вработување. Последните 5 години проектите се реализираат со 20 % кофинансирање од општините.
Благодарение на овој проект во Општина Кочани се разви услугата за нега во домот на стари лица, која прераснува во сервисна услуга со 30 работно ангажирани лица.
Во наредниот период преку Општинско корисна работа ќе бидат ангажирани 14 лица.