Во сеќавање: Почина Насе Насев

По кратко боледување денеска во Скопје на 80-годишна возраст почина едно од најславните спортски имиња во историјата на Македонија, Насе Насев.

Насев, роден во Кочани во 1943 година, засекогаш ќе остане запаметен како еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на БК „Спартак“ од Кочани, но и долгогодишен селектор на репрезентацијата на поранешна Југославија во најславните нејзини времиња, како и селекторот на македонската репрезентација по независноста на земјата.

Насев е повеќе од 50-тина години во спортот, посебно во борењето како спортист, тренер, селектор и спортски директор. За својата работа и ангажман во борењето има добиено Трофеј и Златен беџ на Меѓународниот олимписки комитет ИОК.


Во јуни оваа година претседателот на Македонија, Стево Пендаровски го одликуваше Насев со Медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Сподели: