Во сеќавање на Миле Андонов

Денеска во Кочани во својата шеесет и втора година од животот почина поранешниот пратеник Миле Андонов.

Во три мандати, во периодот од 2008 до 2016 година, Андонов беше дел од пратеничката група на СДСМ, членуваше во Буџетскиот совет на Собранието, а се наоѓаше и во составот на комисиите за економски прашања и за финансирање и буџет.

Исто така, беше дел од собраниските пратенички групи за соработка со парламентите на Белгија, Чешка и Шпанија.

Роден на 10 август 1962 година во Кочани. Дипломиран економист и сопственик на приватна компанија за текстил.

Сподели: