Во следните 14 дена се затвораат училиштата и градинките во Кочани

Четиринаестдневно затворање на градинките, училиштата и универзитетите во целата држава, одлучи владата по препорака на Комисијата за заразни болести, откако досега во земјава се регистрирани седуммина заболени од коронавирусот.

Сите основни, средни и високообразовни и институции, како и детски градинки, да запрат со одвивање на наставно-воспитниот процес во наредните 14 дена. За еден од родителите на деца до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство кое ќе биде целосно платено и тоа се однесува и за јавниот и за приватниот сектор.

Се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, сите културни настани на ниво на РСМ, а спортските настани да се одвиваат без публика. Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица, кои доаѓаат од високо и средно-ризичните држави во период од 14 дена.

Се забранува извоз на медицинска опрема и медицински средства и материјали од страна на економските оператори и производители од земјава, освен со посебна довола од Министерството за здравство.

Се препорачува избегнување на патување во земји со висок и среден ризик. Се препорачува на возрасните и повисоко ризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

Вработените во јавните здравствени установи, кои се ангажирани за потребите на изборниот процес да бидат изземени од натамошно учество и да бидат заменети со други лица.

Листата на земји со висок и среден ризик ќе биде поставена на страната на Министерството за здравство и таа ќе биде секојдневно ажурирана.

Да се воведе хелт локатор карта за сите летови и за сите авиокомпании.

Тие што не ги почитуваат и ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

Сподели: