Во сообраќајна несреќа загина 42-годишен жител на Кочани

42-годишен маж од Кочани загинал во тешка сообраќајна несреќа, која се случила синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса“, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Сподели: