Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ доби современ Тренинг центар на ПЛЦ Прогрмаирање како дониција на УСАИД Македонија и иницијатива на „Амфенол Технолоџи Македонија“.
Станува збор за училница со ПЛЦ опрема што ќе биде од корист на учениците во текот на изведувањето на практичната настава и ќе биде можност за нивно усовршување во стручни кадри на пазарот на трудот.
– Нов тренинг ПЛТ центар е училница која е опремена со современа автоматика. Училницата е опремена со ПЛЦ уреди, програмирани логички контролери каде се врши програмирање на самите контролери кои се вклопени во сите елементи кои ги користиме како во домаќинството така и во индустријата. Училницата е опремена со четири ПЛЦ уреди, придружени со сензори и други елементи. Инвестицијата не е прва од ваков вид во училиштето. Од 2019 година имаме и прв тренинг центар со компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ и УСАИД Македонија, за кремпирање и лемење кој се уште работи и служи на нашите ученици за изведување на практична настава, рече Владо Симеонов, в.д директор на СОУ „Гошо Викентиев“.
Од УСАИД Македонија истакнаа дека продолжува соработката со кочанското средно техничко училиште и нивната цел е поддршка на училиштата во подигање на капацитетите на соодветно образование кај учениците. Преку вакви тренинг центри се влијае на младите полесно да влезат во производствениот процес и образованието да се доближи до степен на совршување на кадри според потребите на приватниот сектор.
– Проектот е од голема важност за „Амфенол Технолоџи Македонија“, бидејки во нашите производни капацитети имаме стотици машини кои имаат ПЛЦ во својата конструкција. Примената е насекаде во производството, од повеќе аспекти е важно за нас како „Амфенол“, прво за одржувањето на машините, надоградувањето и нови производи и треттата аткивност е сами да градиме такви уреди за да имаме поголема конкурентност на пазарот, истакна Сашко Наков, генерален менаџер на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.
Реализацијата на проектот е со меѓусебна соработка на СОУ „Гошо Викентиев“, „Амфненол Технолоџи Македонија“ и УСАИД, Партнерства за економски раст и Младите кои создаваат можности.