Во СОУ „Љупчо Сантов“ се одржа завршен настан во рамки на проектот „Меѓуетничка интеграција“, имплементиран во соработка со средното училиште „Насер Адеми“ од Гостивар.
Преку соработка на двете училишта, учениците во изминатиов период преку заеднички работилници и активности учеа за меѓуетничката интеграција и промоција на мултикултурата во средините на живеење.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/02/DSC_3473.jpg)
– Основна цел на проектот е меѓуетничкиот мир и толеранција. Во рамки на проектот, заеднички со учениците од училиштето од Гостивар изработивме календар и албум кој е заеднички плод на меѓуетничката соработка помеѓу учениците, преку кој испративме пораки кон општеството за соживот помеѓу заедниците и промоција на мир и толеранција, соопшти Јована Крстовска, учесник во проектот.
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/02/DSC_3475.jpg)
![](https://glasno.mk/wp-content/uploads/2022/02/DSC_3477.jpg)
Најголем дел од активностите поради пандемијата со Ковид – 19 се спроведуваа онлајн.
Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско обрзование преку програмата за Меѓуетничка интеграција во образованието.