Во СОУ „Љупчо Сантов“ започна проектот „Фузија“ на Еразмус + програмата

СОУ „Љупчо Сантов“ е домаќин на дваесет и три професори од Франција, Шпанија, Турција, Унгарија и Грција во рамки на проектот „Фузија“, што се спроведува преку Еразмус плус програмата.

Проектот се однесува на учење на нови ИКТ вештини од страна на професорите, со цел нивно имплементирање во наставата и образовниот процес. Преку проектот ќе им се овозможи на училиштата учесници, да го подобрат квалитетот на образованието, со што би им помогнале на учениците и подобро би ги подготвиле за во иднина.

 Преку работилници професорите ќе учат нови знаења и вештини, а покрај официјалниот дел планирано е да ги посетат и културните обележја на Кочани,  Етно куќата, Споменикот на слободата, храмот „Св.Вмч Георгиј“ , заради  запознавање со локалната култура на градот. Како што информираше Игор Христов директор на СОУ„Љупчо Сантов“ тие ќе ги посетат Охрид и Скопје како дел од туристичката понуда на државата.

Во проектот се вклучени осум професори од кочанската гимназија, под менторствто на координаторот Лидија Коцева.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

Сподели: