Во СОУ „Љупчо Сантов“ започна проектот „Јас сум Х.Е.Р.О.Ј,“ на Ерзамус + програмата

Во наредните шест дена во рамките на Проектот „Јас сум Х.Е.Р.О.Ј.“  кој се реализира со финансиски средства на Европска програма наменета за развој на образованието – ЕРАЗМУС +, во Кочани се одржува проектен настан краткотрајна размена на ученици и наставници.  На размената учествуваат  преставници на средни училишта од три држави и тоа, Р. Полска, Р. Романија и Македонија.

Идејата на проектот е промовирање и зголемување на свеста на младите за директната корелација на здравиот начин на живот со нивното здравје.

Целта на проектот е да ги освестат младите за ризиците кои произлегуваат од нездравиот начин на живот и да развијат здрави ставови преку голем број атрактивни активности кои се спроведуваат првенствено во училиштето, но и надвор од него.

„Се надеваме дека можноста да во наредните неколку дена да бидеме домаќини, да се дружиме и соработуваме со нашите колеги и ученици од споменатите Европски држави за нас ќе претставува едно несекојдневно искуство кое секако ќе биде од значење за унапредување на нашите вештини за транснационална соработка и во други проекти во иднина“ – истакнаа од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Во Кочани престојуваат 21 ученик и 8 наставници.

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

Сподели: