Вo СОУ „Љупчо Сантов“ обука за креирање на развоен план за училиштето

Наставниот кадар од СОУ „Љупчо Сантов“ учествуваше на обука за креирање на развоен план на училиштето, со цел изработка на долгорочна стратегија за развој на воспитно-образовната установа во иднина.

-Во средата 18, август во просториите на спортската сала на СОУ „Љупчо Сантов “ – Кочани  дел од наставниот кадар следеа обука на тема „Креирање на развоен план за СОУ „Љупчо Сантов“. Обуката беше предводена од двајца фацилитатори според предвидена агенда. Целта на обуката е да се согледа визуелната историја на училиштето низ призмата на наставниците и стручните служби. Како е започнато, што е постигнато и до каде сме сега. На обуката беше разгледана визијата и мисијата на училиштето, претставување на методот  PAEI, идентификување на точките на подобрување како и идентификување на најприоритетните области. Обуката ќе се одвива во три сесии се со цел да се издвојат најприоритетните стратешки цели за креирање на развоен план за СОУ„ Љупчо Сантов“, истакнаа од СОУ „Љупчо Сантов“ –Кочани.

Обуката беше спроведена од страна на Здружението лидери за едукација активизам и развој.

Сподели: