По повод Меѓународниот ден на мирот, 21 септември, ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани со низа активности го одбележаа Денот на мирот и притоа упатија пораки за толеранција, соживот и зачувување на животната средина.
Во рамки на одбележувњето, во дворот на училиштето се одржа настан на кој беа прочитани творби од страна на учениците на тема мир, толеранција и соживот, а симболично околината беше разубавена со засадување на дрвца.
-По повод обележување на денот на мирот ние изготвивме неколку активности. На почетокот од нашава програма имаше неколку творби со теми за мир, толеранција и соживот произлезени од мастилото на нашите ученици, потоа во училишниот двор симболично засадиме дрвца кои секогаш кога ќе ги погледнеме ќе не потсетуваат на денешниот ден и неговата порака. Дрвцата се зелени и млади, како ќе растеме ние ќе растат и тие со нас, а така нека расте и толеранцијата и другарството меѓу нас. Природата не знае за предрасуди и војни, омраза и гнев, овие чувства ги има само кај луѓето. Ние денес сме доволно напредни, интелегентни и современи, за да ги надминеме предрасудите од сите аспекти и да пристапиме со насмевка, зошто мирот започнува со насмевка. Сите ние сме различни и уникатни, сепак заслужуваме исти шанси, истакнаа од СОУ „Љупчо Сантов“.
Учениците поделија и подароци со пораки за мир на граѓаните во Кочани. Активноста се реализираше со поддшка на УСАИД, Македонскот центар за граѓанско образоване и Младинскиот образовен форум.
И. Матеничарски