Во СОУ „Љупчо Сантов“ – отворен ден на граѓанско образование посветен на руралната жена

Вчера, Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ организираше отворен ден на граѓанско образование посветен на жената од руралната средина.

Проектот беше креиран од Центарот за стручно образование и обука под мотото „Жената не знае што иднината ветува, а уште помалку иднината знае што жената сетува“.

Настанот кој имаше едукативно-уметничка димензија беше организиран со цел да ја поттикне демократската клима во училиштето преку ученички иницијативи. Учениците воспоставија интеракција со присутните и низ прашања и одговори, односно во разговор беше истакната улогата на жената од руралната средина, сегашната состојба и перспективата.

Сподели: