Проектот „Имплементација на образовни методи базирани на Виртуелна Реалност во средните училишта“ кој започна да се реализира во Септември 2019 година, а во кој е вклучено и СОУ „Љупчо Сантов“ и се реализира со финансиска подршка од ЕРАЗМУС + програмата, продолжува со планираните активности.
Во реализација на овој проект,како проектни партнери,се вклучени средни училишта, општини и невладини организации од Лимасол-Кипар, Лудбрег-Хрватска, Пазарџик – Бугарија и Кочани – С.Македонија.
На 05.11.2021 во просториите на СОУ Љупчо Сантов Кочани се одржа транснационален состанок на проектните партнери.
На состанокот беа разгледани досегашните активности и беше договорено да се започне со тест период на учениците користејќи ја ново набавената опрема.
За потребите на проектот се набавени 10 броја на ВР опрема OCULUS QUEST 2 (технологија која е развиена во 2020 година) и која овозможува користење на т.н. ВР наочари со безжична технологија. Исто така се набавени и 10 броја на ВР опрема OCULUS RIFT која овозможува користење на мобилни телефони за следење на едукативни содржини креирани во Виртуелна реалност.
Изработен е специјален едукативен ВР софтвер кој се заснова на добропознатиот концепт “escape room”. Концептот “escape room” предвидува решавање на предизвици/задачи од различни наставни предмети (математика, англиски, географија, хемија, физика) чии решенија водат кон нови задачи се до откривањето на излезот од Виртуелната соба. Оваа активност ќе се реализира во вид на транснационален компетативен настан во кој ќе се натпреваруваат тимови на ученици од сите четири средни училишта во периодот одмарт до мај 2022 година.Членовите на најдобрите тимови од секое училиште ќе патуваат во Бугарија.
На крајот од состанокот беа договорени термини за финални завршни настани во секоја држава кои ќе се одржат во 2022 .
Соопштение за медиумите од СОУ „Љупчо Сантов“