На 22.06.2023 година во 21.52 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Спанчево, кочанско, во дворното место од плац за земјоделски машини бил пронајден починат Н.С.(29) од с.Спанчево .
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Увид на местото бил извршен од екипа од ОВР Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Дневен билтен на СВР – Штип