Ученици од СОУ „Гошо Викенитев“ како дел од еколошкиот тим на училиштето ќе одгледуваат цветни садници и садници дрвца. Садниците првично ќе бидат откпувани од локалната самоуправа на Кочани и ќе се засадуваат на разчични локации во рамки на хортикултурно разубавување на градот.
За таа цел во училишниот двор веќе е поставена смарт стаклена градина и во следниот период ќе почне одгледувањето на садниците. Веќе се набавени потребните садници, градинарска опрема, а во следниот период ќе се постави и инсталација за наводнување по системот капка по капка.
-Станува збор за проект поддржан од УНИЦЕФ и Фондот за иновации, имплементиран од CEED HAB Македонија. За еко проектот аплициравме уште во месец јуни, при што на неговата презентација пред донаторот се најде во десетте најуспешни проекти од средните училишта во Македонија, а тимот од СОУ„Гошо Викентиев“ е прогласен за најидеен, рече Хирстијан Митев, ученик и учесник во проектот.
Менторот на проектот, професорката по македонски јазик и литература, Катарина Трендова Петрова истакна дека проектот е идеја на учениците, преку него тие развиваат претприемачки вештини, а нивната иницијатива влијае на развојот на еколошката свест и на другите ученици во училиштето.
-Во вториот дел од проектот планираме на вежбите по предметот електротехника да направиме мерач за влажноста на воздухот што ќе ни помогне во одгледувањето на садниците. Веќе во фаза на инсталирање е систем за наводнување по принципот капка по капка и истиот е поврзан со вода од Десниот магистрален канал кој е во близина на нашето училиште, рече Дамјан Велков, учесник во проектот.
Проектот стаклена еко-градина е поддржан од УНИЦЕФ и Фондот за иновации, имплементиран CEED HAB Македонија.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов