Во судир на две возила настрадаа пешаци на Градскиот плоштад

Две жени се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на Градскиот плоштад во Кочани.

Станува збор за мајка и ќерка кои според очевидци на настанот минувајки на пешачки премин на Градскиот плоштад настрадаа од судир на две возила на крстосницата.

Двете жени веднаш се пренесни во болница, со тешки повреди.

Во несреќата учествуваа три возила, такси возило „Фолксцваген Поло“, џип „БМВ“ и паркиран џип “Рено”.

Сподели: