Во текот на ноќта локализиран пожарот над Бавчалук

Целосно локализиран е пожарот над месноста Бавчалук кој вчеравечер поради непристапниот терен остана активен во текот на ноќта.

Во координирана акција на пожарникарите и дел од месното население ноќеска успешно е интервенирано на речиси непристапен терен, огнот е ставен под контрола, а во утринските часови и конечно ликвидиран.

Стихијата зафатила поголема површина на борова и ниско стеблеста шума. Екипи на Територијалната противпожарна единица Кочани се уште се на терен во обиколка на опожарените предели со цел да не дојде до повторно разгорувње на огнот.

И. Матеничарски

Сподели: