Во тек е јавна набавка за изградба на спортско-рекреативен центар во ОУ„Малина Попиванова“ Кочани

Општина Кочани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), спроведуван од УНДП, организираше проектен форум при што за реализација како приоритетен се избра проектот „Изградба на спортско-рекреативен центар во ОУ ‘Малина Попиванова’“.

За имплементација на овој проект е потпишан договор помеѓу УНДП и Општина Кочани. За таа цел по вторпат е отворена постапка за јавна набавка на работи за реконструкција на дворот на ОУ „Малина Попиванова“. Постапката ќе се спроведе преку Електронскиот систем за јавни набавки, а ќе заврши со користење на е-аукција, како последна фаза за доделување на договорот за јавна набавка.

Критериум за избор на најповолната понуда ќе биде економски најповолната понуда. Економски најповолната понуда се утврдува врз основа на цената.

Краен рок за поднесување на понудите е 7.5.2020 г. до 11 ч. Проценетата вредност е 2.700.000 денари без ДДВ.

Повеќе информации за јавната набавка можете да најдете тука.

Сподели: