Во пресрет на 7 Септември – Денот на ослободувањето на Кочани, Одборот за доделување на највисоките општински награди го објави јавниот повик за доставување предлози за наградени.
Како и во претходните години, ќе биде доделена Награда за значајни остварувања за развојот на општината Кочани, за која може да конкурираат поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
Општина Кочани ќе ја додели и Наградата за животно дело, за исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот.
И двете општински награди се плакети со оризова ракатка, како симбол на Кочани.
Предлозите со писмено образложение, најдоцна до 25 август 2021 година се доставуваат до Одборот за доделување награди на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1.