Во тек периодичното одржување на јавните патишта и улици

Почитувани учесници во сообраќајот,

Во тек е периодичното одржување на јавните патишта и улици. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрување на временските услови денес започнува бележењето на хоризонталната сигнализација.

За непречено и брзо завршување на работите кои се од јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост.

Сподели: