Во тек повеќе градежни активности на улици во Кочани и населените места

Продолжуваат градежните работи на пет улици во Кочани и населените места во општината.

На улицата „Кирил и Методиј“ во Кочани во моментот се работи на подготовки за асфалтирање. Претходно, целосно беше изграден нов канализациски систем  со што е решен долгогодишниот проблем со одводот на отпадните води на жителите на улицата.

Градежни работи за асфалтирање  се одвиваат и на улиците „Васил Главинов“, како и на крак од улицата „Крижевска“ во лесна индустрија во Кочани, каде е изграден и нов тротоар и канализација.

Освен во градот за асфалтирање се подготвува и улица во населбата Оризари како и крак од „Маршал Тито“ во селото Горни Подлог.

На улицата „Борис Ефремов“ моментално се работи на комплицирана изградба на два потпорни ѕидови, по што ќе следува асфалтирање.

Градежните активности на улиците се предвидени со Буџетот на Општината за 2020 година.

И. Матеничарски

Сподели: