Во предвидениот рок со континуирана динамика течат градежните активности за реализација на проектот „Тротоар на улица Илинденска“ како и изградба и асфалтирање на Локалниот пат Зрновци-Мородвис и улиците „Филе Ристов“ и „Никола Карев“.
Општина Зрновци е подготвена со проектни документации за јавниот повик кој ќе следи на почетокот на месец септември од страна на Владата на Република Македонија, за финансиска поддршка за реализација на капитални проекти.
На повикот ќе бидат аплицирани проекти во висина од околу 10 милиони денари :
Реконструкција на главен доводен цевковод за водоснабдување во село Зрновци.
Изградба на Локален пат село Мородвис-Гробишта.
Изградба на Локален пат село Видовиште- Оризови гумна.
Општина Зрновци