Во населбата Трајаново Трло во Кочани е поставен камен – темелник за изградба на црква – параклис во чест и спомен на светецот „Димитриј“.
Параклисот се гради со благослов на Брегалничката Епархија од страна на Црковниот одбор на храмот преку донации на граѓани и стопанственици.
– Црквата – параклис се гради на нова локација откако претходно параклисот се наоѓаше неколку метри подолу од новата локација каде има и света вода. Камен – темелникот е поставен пред две седмици и за толку краток период веќе поголем дел од објектот е изграден. Градбата е со благослов на црквата. На 8 ноември кога се чествува празникот на светиот Димитриј, планирано е одбележувањето да го спроведеме во новиот црковен објект – истакнаа од Црковниот одбор на храмот.
Од Црковниот одбор информираа дека сите заинтересирани граѓани и стопанственици може да донираат финансиски средства и градежни материјали за довршување на изградбата на параклисот или да се вклучат како работна сила во изградбата.
Донациите може да ги уплатат на денарската сметка 210201622857094 на Тутунска Банка со назнака „За донација за параклис“ или за донации од странство на девизна сметка:
IBAN: MK07210501622857094
SWIFT: TUTNMK22
Од Црковниот одбор ги поканија верниците да го посетат новиот црковен – параклис на 8 Ноември, денот кога се чествува празникот посветен на „Св. Димитриј“
И. Матеничарски