August 13, 2020

Во Тркање пукал со пиштол и ранил соселанец по кавга за наводнување на нива


На 30.07.2020 во 20.40 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани бил лишен од слобода А.Д.(70) од Кочани, по добиена пријава од Итна медицинска помош од Кочани дека околу 19.00 часот, на место викано „Горно Подлошко“, во атар на с.Тркање, кочанско, по претходно нарушен јавен ред и мир околу наводнување на нива, А.Д. со пиштол пукал кон С.И.(49) од Кочани, по чие кажување бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат од него.

С.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.

Полициски службеници од А.Д. одзеле пиштол „Застава М70“ кал.7,65мм, празна рамка, куршум и лопата.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.