Во ЈОУБ „Искра“  историско литературен настан по повод 11 Октомври

Во пресрет на 11 Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ,  денеска во ЈОУ Библиотека „Искра“ се одржа историско литературен настан со празнична тематика.

Присутните добија историски и литературен осврт поврзан со востанието, додека  Виш кустос Марин Клифов даде историски осврт на народното востание.

Настанот се организираше во соработка со Библииотеката „Гоце Делчев“ – Велес и Народниот музеј“ од Велес, при што директорката Снежана Бошевска преку видео презентација  претстави дел од македонските автори, чии дела се инспирирани од НОБ. Ученици на СОУ ,,Љупчо Сантов”-Кочани прочитаа стихови, инспирирани од НОБ.

Во фоајето на библиотеката по повод празникот беше изложена тематска изложба со мотиви од Народно ослободителната борба.

Сподели: