Во ЈОУБ „Искра“ – Кочани – Еднодневен саем на книгата

Пред крајот на календарската година, ЈОУ Библиотека „Искра“ организираше еднодневен саем на книги, во соработка со издавачката куќа „Сакам книги“ од Скопје на кој љубителите на пишаниот збор може да купат нови наслови на дела.

Саемот на книгата воедно беше последен настан на „Искра“  за годинава што изминува, при што од раководството најавија дека догодина библиотеката и читателите ги очекуваат многу новитети и реализација на културни проекти.

-Годинава што изминува сработивме околу триесетина проекти. Се надевам дека идната година ќе имаме можност за слободно креирање и реализација на програмите и да се вратиме во нормала, да има фреквенција на луѓе и културни настани. За почетокот на јануари 2022 планираме неколку културни настани организирани од библиотеката. 2021 година ја одбележавме со настан на кој присуствуваа Симон Трпчески и Горјан Петревски што беше круна на еден настан во нашата библиотека, продолжувме со исто темпо и следната година, истакна Коце Стојменов, директор на Библиотеката „Искра“.

Сподели: