Во ЈОУ Библиотека ,,Искра” Кочани денескасе одржа регионална средба со носителите на проектот ,,Како до подобри услови за работа на библиотеките и до подобра норматива за вршење на библиотечната дејност”, Јелисавета Костадиновска, Јана Михајловска и Наум Ѓотошевски.
Проектот е на Библиотекарското здружение на Македонија, а поддржан од Министерството за култура на РСМ, со основна цел, вклучување на библиотеките во Светската мапа на библиотеки (ИФЛА), воочување на реалните услови за работа на библиотеките, а стана збор и за законските регулативи.

На средбата беа присутни претставници од библиотеките од Кочани, Виница, Делчево, Пехчево, Берово, како и библиотекари од средните и основните училишта од Кочани, Општина Зрновци, Општина Чешиново-Облешево.
ЈОУ Библиотека ,,Искра” Кочани