Во „Љупчо Сантов“ одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во пресрет на 21 февруари  Меѓународениот  ден на мајчиниот јазик, денес во просториите на СОУ„Љупчо Сантов“ се одржа предавање за  македонскиот јазик,  на  професорите од пет странски земји учесници во  проектот „Фузија“,  кои оваа недела се гости во кочанската гимназија.

Професорот по македонски јазик Доне Донев зборуваше за иновативниот начин на употреба на мајчиниот јазик во драмските дела, а направи и паралела за употребата на македонскиот јазик и другите странски јазици во секојдневното општење.

На предавањето покрај професорите од странство, присуствуваа и ученици од гимназијата „Љупчо Сантов“.

Меѓународниот ден на мајчините јазици 21 февруари се одбележува насекаде во светот, заради промоција на јазиците и значењето на истите во секојдневната комуникација.

И.Матеничарски

Сподели: