Компанијата,,Амфенол Технолоџи Македонија” денес, петок (09.07.2021) реализира уште една успешна активност, со цел грижа за заедничкото и општо добро.
Како дел од годинашниот еко план, вработените во ,,Амфенол” организираа еко – акција за чистење на пределот на Пониква и Осоговските Планини.
Административни работници, Менаџери, Супервизори, заедно со Генералниот Директор – Сашко Наков уште еднаш ја потврдија општествената одговорност на најголемата Компанија во регионот.
Под мотото ,, No Pollution is the Only Solution”, – ,,Амфенол” уште еднаш сработи за сите и испрати недвосмислена порака за грижа и зачувување на здрава и чиста средина.
Во претходната акција ,,Амфенол” ги пошумуваше Осоговските Планини, а денес направи уште едно општо добро.
И во иднина, ,,Амфенол” останува потврда и пример за општествено одговорна Компанија, со грижа и поддршка за своите над 2300 вработени но и за целата општествена заедница.
Амфенол Технолоџи Македонија