Вработените во кочанската полиција даруваа крв

Одделението за внатрешни работи – Кочани ја спроведе последната редовна крводарителска акција за 2022 година наменета за вработените во кочанската полиција.

Во акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 25 лица, вработени во Полициската станица – Кочани.

– Ова е третта последна крводарителска акција што се спроведува во ОВР- Кочани за 2022 година. Слободно можам да истакнам дека има голем интерес за крводарување од страна на колегите, факт што радува и затоа приликата ја користам да се заблагодарам на сите кои даруваа крв на оваа, но и на претходните две крводарителски акции. Се надевам дека ваквата практика ќе продолжи и во годината што следува, истакна Сашка Стојанова, координатор за крводарување во ОВР-Кочани.

Акцијата се спроведе во соработка со Црвен крст Кочани со поддршка од екипа на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Сподели: