Вработени во „Амфенол Технолоџи Македонија“ засадија 3000 багремови садници

Денес во околината на Бели, вработени на одговорни позиции во Амфенол Технолоџи Македонија, заедно со директорот Сашко Наков, засадија 3000 багремови садници.

Ова е трета акција за пошумување што во последниот период се реализира на иницијатива на Амфенол, а во соработка со Подрачната единица на ЈП Македонски шуми – Кочани.

Освен континуираните и веќе докажани успеси во своето работење, најголемата компанија во регионот и во иднина како еден од важните приоритети ја има општествената одговорност, која досега многу пати е потврдена со голем број донации и општо корисни активности.

Денешната еко акција имаше за цел да се помогне во обновувањето на опожарените подрачја во кочанскиот регион, да се подигне јавната свест за грижа и заштита на животната средина, но и да се остави нешто вредно и за идните генерации – здрава животна средина, прашање но и предизвик, кој веќе добива планетарни димензии.

Сподели: