Вработи се во Електродистрибуција КЕЦ – Кочани!!!

КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар во Кочани во Група 2, бараме:
ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО КОЧАНИ (М/Ж)

Работни задачи

-Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа
– Отчитување на податоци од броила
– Контрола на приклучоци и мерни места
– Замена на броила на корисници
-Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација
-Помош при отстранување дефекти
-Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила

Потребни компетенции
IV степен електротехничко образование – Електротехничар – енергетичар
Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност

Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност

Возачка дозвола Б категорија

Одговорност, тимска работа
Комуникативност, флексибилност

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на jobs.elektrodistribucija@evn.mk испратете куса биографија и
мотивационо писмо најдоцна до 22.05.2022.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте
вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу
Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx.

Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сподели: