„Вранинци на зајдисонце“ – Sunset Trail Run на КПС „Осоговски Орел“

Клубот за планински спортови Осоговски Орел од Кочани почна нова рекреативна трка под името Sunset Trail Run односно Вранинци на зајдисонце.

Таа треба да стане традиционална и ќе се одржува на падините на Осоговските планини. Патеката на која ќе се трча е во должина од околу 12км а висинската разлика е 550метри.

Старотот е од пред спортската сала во населбата Оризари а потоа се трча кон селото Вранинци и назад.

Првата трка се реализираше вчера, а договорено е во наредниот период да се одржува секој последен четврток во месецот. Покрај членовите од нашиот клуб имавме и гости од Штип. Во план е секоја наредна трка да покануваме учесници од други спортски клубови од државата. Се трча во групи во зависност од физичката подготвеност на учесниците.

Главна цел за организирање на трката е дружењето и промоција на природните убвини на Осоговијата, а од КПС Осоговски Орел информираат дека наскоро ќе бидат организатори на уште неколку слчни активности за што ќе следи соодветна најава.

Сподели: