Пред почетокот на новата учебна година, кога родителите кои имаат ученици се соочуваат со зголемени трошоци, секоја финансиска поткрепа е добредојдена.
И оваа година, со почетокот на септември, АТМ доделува вредносни ваучери за децата на своите вработени, кои се ученици во основно образование.
Годинава ќе бидат доделени повеќе од 700 ваучери, кои основците ќе може да ги искористат за своите училишни потреби.
Како и досега, ,,Амфенол” континуирано води грижа за своите вработени и нивните семејства и самоиницијативно излегува во пресрет секогаш кога е потребно, потврдувајќи ја во многу ситуации и својата општествена одговорност.
Со доделувањето на вредносните ваучери на сите основци чии родители работат во АТМ, компанијата упатува порака за среќен почеток и успешна учебна година за сите ученици и поддршка за сите претстојни предизвици кои во иднина ги очекуваат.