Времен прекин на гласањето на избирачко место во Кочани, графити и плакати среде изборен молк во Облешево, информираа од МВР

Утрово во 07.28 часот во СВР Штип било пријавено дека е прекинато гласањето на гласачко место број 852 во Домот на културата во Кочани поради истакнат плакат во близина на гласачкото место, информираше на прес-конференција, Тони Ангеловски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Исто така, на 16.10.2021 во 11.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Облешево, кочанско, на зграда бил испишан графит во врска со изборите, а биле залепени и повеќе плакати од кандидат за градоначалник на општина Чешиново-Облешево. Бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дневен билтен МВР

Фото: A. Арсов

Сподели: