Времен режим на сообраќај од „Лукоил“ до „Национал“

Поради рехабилитација на патната инфраструктура на потегот од бензинските пумпи на Макпетрол и Лукоил до „Национал“ се воведува времен режим на сообраќајот.

Се повикуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат измените и поставената сообраќајна сигнализација.

Возачите да бидат стрпливи и со зголемено внимание кон пешаците, посебно во населбата Валог кај детското игралиште, каде што е пренасочен сообраќајот.

Дозволен е сообраќај на возила само за потреби до бензинските пумпи на Макпетрол и Лукоил.

Сподели: