В сабота се играат натпреварите од 7-мото коло во Втората Македонска фудбалска лига-Исток.
„ГФК“ Осогово ја пречекува екипата на „Росоман“, натпревар кој ќе биде шанса за „жолто-сините“ да се обидат да стигнат до првата победа во натпреварувањето. „Осогово“ во последните три одиграни кола има забележано три ремија, па натпреварот в сабота е одлична можност за победа, со оглед на фактот дека тимот „Росоман“ не е во посакуваната форма.
Натпреварот е закажан од 15:00ч на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
На останатите средби ќе се сретнат:
„Брегалница“ – „Слога 1934“
„Кожув“ – „Каменица Саса“
„Плачковица“ – „Кит-Го“
„Тиквеш“ – „Победа“
Натпреварите се закажани за в сабота од 15:00ч.