Втора трка од Државниот шампионат во автомобилизам- Дејан Манасиев викендов настапува во Пробиштип

Викендов на стазата во Пробиштип ќе се  вози  втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам на Македонија.  Кочанецот Дејан Манасиев со своето Renault Clio ќе настапи во категоријата Е1 до 2000 кубни сантиметри, во конкуренција на триесетина натпреварувачи од Македонија.

Манасиев по одржаната трка во Кула,Косово е на втората позиција во категоријата Е1, позади лидерот и фаворит Димитриј Кимовски од Скопје.

-Ова е втор испит  сезонава  за мене. Како што најавив и претходно, годинава ќе собирам искуства бидејки сум нов и влегувам во борба со искусни и многу талентирани возачи со поконкурентни автомобили. Сепак,  тоа не значи дека ракавицата е фрлена,ќе дадам се од себе да ги претставам сите што ме подржуваат во најдобро светло, а воедно и да им ги поматиме сметките на  искусните скопјани- рече Дејан Манасиев.

Манасиев се заблагодари на сите компании кои го поддржуваат, а упати и апел до останатите за поддршка во неговите напори за што поголем успех.

Трката е во организација на АКК„ПРОСПОРТ“ Скопје со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија, а ќе се вози на ридската патека „Пробиштип“ која е во должина од 5км.

Иако се уште неофицијално, третото коло од Државниот шампионат во автомобилизам  планирано е да  се одржи на патеката „Пониква“ во месец септември.

Нам ни преостанува да му посакаме многу среќа,  што повисок пласман и претставување на Кочани во најдобро светло.

И.Матеничарски

Сподели: