Второ место за риболовната екипа „Од рибарите за рибарите“ на турнирот на Трсинско езеро

Елитната риболовна  „Крапска“ екипа од Кочани „Од рибарите за рибарите“ го освои второто место на Меморијалниот куп натпревар „Гоце Петровски – Гишел“, што во организација на Риболовното друштво „Крап“ од Виница, викендов се одржа на Трсинското вештачко езеро во Виница.

Екипата во состав Ненад Панов, Александар Наунов и Дарко Стојков уловија околу 40 килограми риба, со што заслужено го освоија второто место на натпреварот.

На самото натпреварување на кое традиционално учествуваат најдобрите риболовни екипи од Македонија беа уловени вкупно 260 килограми риба меѓу кои и капиталец од 9,3 килограми што воедно беше й најголемата фатена риба на натпреварот.

Со годинешното освоено второ место Рибарското друштво „Од рибарите за рибарите“ од Кочани го оправда во целост минатогодишниот пласман кога беа први на истото натпреварување на истото езеро.

Настапите и остварувањата на Кочанската риболовна екипа „Од рибарите за рибарите“ во изминатата 2019 година се за поздравување. Освоени се 5 први места и 2 трети, а освоени се и две медали за најголема фатена риба како и прво место на Кастинг купот на „Палурци“.

Инаку во изминатата година членовите на Кочанското риболовно друштво имаат официјално уловено околу 1,5 тон риба на принципот фати-пушти и се организатори на 10 натпреварувања како и на хуманитарни акции низ езерата во Македонија.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial