В.Д. градоначалникот Крстевски: Подобри услови за ТППЕ Кочани, наскоро нови вработувања и возила

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, преку објава на својот профил на социјалните мрежи ја информира јавноста за нови активности насочени кон подобрување на безбедноста во градот.

„Една од неопходните работи за безбедноста е подобрување на условите за работа во ТППЕ Кочани, со набавка на нови возила и вработување на пожарникари,“ наведе Крстевски.

Тој најави дека Општина Кочани во текот на наредната недела ќе распише јавен оглас за вработување на двајца пожарникари. Воедно, информира дека се водат преговори за обезбедување финансиски средства преку донации, кои ќе бидат наменети за набавка на ново противпожарно возило.

Крстевски ја заврши својата објава со пораката: „Со душа и срце за Кочани!
На самата слика може да се виде и дел од возниот парк со кој што располага ТППЕ Кочани.

Сподели: