В недела мирен протест пред „Пејпер Мил“

Граѓанското здружение за почист воздух „Green“ од Кочани за в недела (23.02)  најавува  мирен протест пред фабриката за производство на хартија „Пејпер Мил“.

Протестот е закажан за во 10:00 часот, а од здружението ги повикуваат сите граѓани масовно да излезат и мирно да го искажат незадоволството од  загадувањето од фабриката, која и покрај апелите и реакциите, продолжува да го загадува воздухот. Исто така оттаму додаваат дека „Пејпер Мил“ не е единствен загадувач на воздухот во Кочани,  па во иднина можен е ваков протест и пред другите фабрики загадувачи.

На протестот  ќе има и штанд каде граѓаните ќе можат да донираат парични средства кои ќе се употребат за целите на здружението, како и да пополнат пристапница за членство во истото.

И.Матеничарски

Сподели: