В недела 16. издание на „Драганица Куп“

Традицијата и годинава ќе биде задржана со одигрување на 16-то издание на меморијалниот турнир „Драганица Куп“ 2022 што се одржува во чест на легендата Драган Михајлов.

Годинава турнирот ќе се одржи во конкуренција пионери, фудбалери родени 2005 и 2006 година, а на турнирот ќе учествуваат четири екипи.

– Турнир ќе се одржи в недела, 06.03.2022 со почеток во 10.00 ч. Градскиот стадион „Никола Мантов“. Годинава за учество на турнирот се пријавени пионерските екипи на ГФК „Осогово“,ФК „Каменица Саса“ од Македонска Каменица,ФК „Вардар“и ФК„Слога 1934“ – Виница. „Драганица Куп“ 2022 ќе се одигра по принициот на фајналфор ,т.е со две полуфинални и по една пресметка за прво и трето место. Натпреварите ќе траат 2х30 минути. Двете поразени екипи од полуфиналињата играат за трето место,додека победниците ќе играат за прво место во финалето, истакнаа од ГФК „Осогово“.

Распоредот на натпреварите:

10:05 ч. часот прво полуфинале

11.20 ч. часот второ полуфинале

13,20 ч. часот мало финале за трето место

15.00 часот финале-натпревар за прво место

16,30 доделување на награди за најдобрите на „Драганица“ 2022

Сподели: