В недела, 23 август на летната тераса на Еуро Хотел Градче ќе се одржи хуманитарен настан за помош на Славица Димитрова од Кочани.
На концертот ќе настапат музичари од Кочани меѓу кои:
Магдалена Иванова
Дејан Алексовски
Петар Малинов
Јорданчо Данилов
Дарко Стојчов
Буби Тасев
Славица Димитрова има потреба од финансиска помош во износ од 6.000 евра за третман со матични клетки на Институтот за очни болести во Санкт Петербург Русија. Таа боледува makularna degeneracia и retinopatia spigmentoza, генетско заболување на очите.
Хуманите граѓани може да донираат 100 денари и на телефонските броеви:
А1- 143-476 и Телеком 143-126.