Мото клубот „Желки“ од Кочани в петок (04-ти септември) ќе биде домаќин на учесниците на 29-тото Меѓународно мото-рели „Македонија независност“, кое по повод државниот празник 8-ми Септември, „Денот на независноста на Република Македонија“ традиционално се одржува секоја година.
Околу 300 учесници од неколку мото клуба од Македонија ќе продефилираат низ кочанските улици. Иако мото-релито е од меѓународен карактер, поради состојбата со КОВИД 19 оваа година нема да има моторциклисти од странство.
Стартот на дефилето е планиран од Градскиот стадион во 11:00ч, а ќе се вози до Шопинг центарот во Кочани, каде граѓаните ќе може да ги видат и фотографираат моторциклите.
По претставувањето во Кочани дефилето продолжува за Дојран каде е планирано ноќевање. Вториот ден од мото-релито е планирано да се вози низ Центалниот дел на Македонија со ноќевање во Охрид, а послдниот ден ќе се вози низ Западна Македонија со пристигнувње во Скопје.
На мото-релито учество ќе земат и членови на Мото Клубот „Желки“ од Кочани.
Кочанскиот мото-клуб е прв регистриран официјален мото-клуб во Источна Македонија, а воедно е член и на Мотоциклистичката федерација на Македонија.
И.Матеничарски